Македонија
19. January 2026 - 14:42

Васко Дрвошанов и годинава го фати светиот крст во Струмица

И годинава Васко Дрвошанов од селото Куклиш го фати положениот крст во осветените води на базенот „Аквариус“ во Струмица. Во водата скокнаа 16 граѓани, а најбрз беше Дрвошанов.

Тој од градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, доби пригоден подарок, како и подароци од спонзорите.

Со свечена Богојавленска литургија, празникот Водици беше одбележан во сите храмови на Струмичката епархија, а положување на крстот беше изршено и во другите општини и населени места во Југоисточниот регион

Инаку, во осветените води на браната Паљурци во Богданци светиот крст петти пат по ред го фати Саше Михајловиќ, во Валандово Здравко Коцевски, а во Радовиш Филип Ристов.

 

МИА