Ватикан: Кардиналите денеска ќе го утврдат датумот на конклавата за избор на нов папа

Кардиналите на Католичката црква, кои пристигнаа во Рим од целиот свет, денеска ја одржуваат петтата Генерална конгрегација по смртта на папата Франциск, јави ДПА.
Состанокот ќе започне во 9:00 часот по локално време и се очекува на него да биде утврден датумот за почеток на конклавата, на која ќе се избира новиот папа. Според проценките на експертите, конклавата би можела да започне на 5 или 6 мај, веднаш по завршувањето на деветте дена официјална жалост, што завршува на 4 мај.
Од смртта на папата Франциск досега се одржаа четири Генерални конгрегации, на кои беа донесени одлуки за организацијата на погребот и други прашања поврзани со функционирањето на Црквата.
Италијанскиот кардинал Џузепе Верзалди изјави за „Ла Република“ дека досега меѓу кардиналите владее атмосфера на „голема отвореност“, нагласувајќи дека „има различни мислења, но климатата е повеќе духовна отколку политичка или конфликтна“.
Право на глас во конклавата имаат 135 кардинали кои се помлади од 80 години, од вкупно 252 колку што брои Колегиумот на кардинали. Околу 80 отсто од кардиналите со право на глас се именувани од самиот папа Франциск, но тоа не гарантира дека ќе изберат наследник кој ќе ја продолжи неговата визија.
Поголемиот дел од кардиналите-избирачите се релативно млади и за многумина ова ќе биде прв конклава. Помалку од половина од гласачите доаѓаат од Европа.
Изборот на новиот папа ќе се одвива во Систинската капела под фреските од 16. век на Микеланџело. Гласањето е строго тајно и се спроведува според строги правила и церемонијални процедури. Секој ден се одржуваат четири гласања – две наутро и две попладне – сѐ додека еден кандидат не добие двотретинско мнозинство.
Процесот може да трае неколку дена или подолго, во зависност од исходот на гласањата.
Католичката црква, во време на големи глобални неизвесности, е во потрага по нов водач кој, како што велат некои црковни претставници, ќе биде „храбар, одлучен и способен да го држи кормилото цврсто дури и во бура, нудејќи стабилност во ера на големи предизвици“.
По изборот, на покривот на Систинската капела ќе се појави бел дим – знак дека Црквата добила нов папа.
Ново на Сител
-

Честитка од претседателката по повод Курбан бајрам: Само преку разбирање различностите можат да бидат предност
-

Чаир со проширена акција за чистење во пресрет на Курбан Бајрам
-

САД планираат нови царини за Канада и Мексико
-

Канада воведува привремена забрана за влез за жители на три африкански држави како мерка за заштита од ебола
-

Претседателот на Боливија доби пошироки овластувања за ангажирање на армијата
-

Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан Бајрам
-

Прскање против комарци во Југоисточниот регион в четврток и петок
-

Сончево и топло време со мала до умерена облачност, попладне изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд
