Вчера 596 санкционирани возачи за возење со брзина поголема од дозволената

Во текот на вчерашниот ден (17.08.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 861 издадени платни налози повеќе од половината од платните налози, односно 596 прекршоци се однесуваат на возачи кои што не ја почитувале пропишаната брзина на движење.
За разлика од тоа, според статистичкиот преглед од полициските активности, вчера беа евидентирани 28 прекршоци за неправилно паркирање, 51 прекршок изречен за возачи што управувале возилo без возачка дозвола, како и 32 прекршоци за возачи кај кои е детектирано присуство на алкохол над законски дозволеното ниво.
Инаку согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата во текот на вчерашниот ден санкционирани биле и 16 возачи на мотоцикли заради неносење заштитен шлем, потоа 14 лица заради користење на мобилен телефон при возење, додека пак прекршочно се санкционирани уште 26 лица кои некористеле сигурносен појас. Исто така, а согласно Законот за возила, шест возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а две заради техничка неисправност.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова доби револвер од Ердоган, подарокот нема да го користи
-

Тема на денот со Валдеси Уркиза, генерален секретар на Интерпол
-

Почна судењето за серискиот убиец од Драгоманце
-

Охриѓанец проголтал дрога сакајќи да ја сокрие од полицијата
-

Генералниот секретар на Интерпол: Северна Македонија е наш важен партнер во борбата со криминалот
-

Власта се уште без одговор од опозицијата за Изборниот законик
-

Функционери од ВЛЕН задржани на границата со Албанија, се бара објаснување од Тирана
-

Нема веќе организирање подарувања без дозвола и надомест од 100 евра
