Вчера лишени од слобода деветмина, а санкционирани 772 возачи за разни прекршоци
Во текот на вчерашниот ден (21.09.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 772 издадени платни налози поголемиот дел од нив, односно 540 прекршоци се однесуваат на возачи кои што не ја почитувале пропишаната брзина на движење.
Според статистичкиот преглед од полициските активности, вчера беа евидентирани 41 прекршок за неправилно паркирање, 50 прекршоци се изречени за возачи што управувале возила без возачки доволи, како и 28 прекршоци за возачи кај кои е регистрирано присуство на алкохол над законски дозволеното ниво.
Од друга страна пак, исто така согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата во текот на вчерашниот ден санкционирани биле и 14 возачи на мотоцикли заради неносење заштитен шлем, потоа девет лица заради користење на мобилен телефон при возење, еден пешак и четворица возачи што минале на црвено светло, како и 16 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас.
Согласно Законот за возила, 13 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а две заради техничка неисправност.
Исто така вчера, а врз основа на членот 297-а од КЗ на РСМ (“безобѕирно управување со возило“) лишени од слобода се деветмина возачи од кои што двајца заради прекумерно присуство на алкохол во крвта (над 1,5 промили) и седуммина заради управување со брзина поголема од дозволената.
Ново на Сител
-
Русија негира упади на нејзини воени авиони во воздушниот простор на држави членки на НАТО
-
Учениците во Трубарево се враќаат на настава со физичко присуство
-
Јаневска: Учебниците што им недостигаат училиштата ќе може да ги најдат во ПДФ-формати на веб-страницата на Педагошката служба
-
Тепачка меѓу две групи во Неготино откако девојка пријавила дека била физички нападната во угостителски објект
-
Малолетник на електричен тротинет украл чанта од девојка додека седела во угостителски објект во Центар
-
Тешко повреден 18-годишник на мопед во Охрид откако автомобил удрил во него
-
Десет пожари на отворено денеска до 12 часот, четири активни
-
Промена на времето од четврток – дожд, грмежи и пад на температурите