Вчера во прилепската болница е примено новороденче старо 8 дена без знаци на живот
Вчера во 8 часот и 10 минути во прилепската болница е примено новороденче старо 8 дена без знаци на живот. Од болницата велат дека од страна на педијатар и анестезиолог било постапено според сите протоколи, а случајот бил веднаш пријавен во полиција. Мајката пред 8 дена се породила во прилепската болница, а по нејзино барање си заминала од таму уште вториот ден.
Според јавниот обвинител Стевчо Биноски од ОЈО Прилеп веднаш бил оформен предмет.
„Телото на бебето е дадено на обдукација која е направена вчера во Клиничкиот центар во Битола, од каде се чека да пристигне и обдукциониот наод од кој ќе зависи во која насока ќе тече истрагата и кои мерки ќе бидат понатаму преземени. По наше барање МВР изврши разговори со лекарите во болницата и родителите на детето, исто така е извршен увид и во нивниот дом, а собрана е и целата потребна документација за случајот“, велат од ОЈО Прилеп.
Од Центарот за социјална работа од Прилеп известување на настанот добиле денеска и нивни екипи утринава веднаш излегле на терен. Станува збор за полнолетни родители кои немале забелешки за Центарот. Како услуга од таму користеле само детски додаток. Денеска е извршен и погреб на бебето.
Денови ќе се знае во која насока ќе се движи целата истрага околу овој случај.
-
Дарко Штаргоски
Сите содржини од овој новинар
