Loading Video...
Ракомет
9. April 2022 - 17:44

Вечерва собир на македонските ракометари пред баражот со Чешка

Вечерва кој во хотел Александар Палас во Скопје, е закажан и собирот на најдобрата машка селекција за пристојниот мундијалски бараж натпревар против Чешка. 
 
Откако во првата рунда од плејофот, нашите ракометари ја минаа Романија, сега последна пречка пред нов настап на СП што следната година ќе се одржи во Полска и Шведска е селекцијата на Чешка. 
 
На последниот список на селекторот Кирил Лазаров има 23 ракометари, но 
на денешниот собир ќе недостасуваат неколкумина наши интернационалци кои имаат обврски со своите екипи, а тимот би требало да се комплетира во понеделник. 
 
Ракометарите ќе се подготвуваат во СЦ Борис Трајковски каде на 17 април (недела), ќе се игра реванш дуелот, додека првиот меч што ќе се игра во Злин, на програмата е во среда (13 април) со почеток од 19:15 часот.