Вечерва во прекин сообраќајот на патниот правец Куманово – Лопате
Сообраќајот на патниот правец Р-2133 Куманово – Лопате од вечерва во 22:00 часот до утре во 5:00 часот изутрина ќе биде во целосен прекин поради изведување градежни работи од градежната компанија „Штрабаг“, по што ќе биде пуштен во редовен тек, информира АМСМ.
Оттаму посочуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-
Марко Ѓуриќ: Изјавата на босанскиот министер за одбрана не придонесува за стабилност во регионот
-
Наутро свежо, преку ден топло
-
МВР: Полициски службеници спасија повредено лице на Шар Планина | ВИДЕО
-
Трамп, Венс и 100 илјади луѓе ќе присуствуваат на комеморацијата за Чарли Кирк
-
ЦУК: Спасувачка акција на повредено лице над Горно Јеловце
-
ДЗС: Под целосна контрола пожарот во близина на Скопскиот аквадукт
-
ЦУК: Локализиран пожарот што избувна во местото Аквадукт
-
Велика Британија, Канада и Австралија ја признаа Палестина како суверена држава