Велигден ги исполни верските храмови во Охрид
Со биење на камбаните точно на полноќ беше најавена радосната вест за воскресението Христово. Велигден ги исполни храмовите во Охрид каде илјадници верници и туристи со свеќи во рацете присуствуваа на полноќната богослужба.За првпат година во Свети Климентовиот храм Св. Пантелејмон на Плаошник со празничната богослужба чиноначалствуваше митрополитот Дебарско – кичевски г. Георгиј.
Претседателката Сиљановска-Давкова од Плаошик посака уште поголема вера и надеж да се потсетиме дека овде сме за да живееме пристојно да веруваме во мир а не во војна.
Бројните посетители во древните храмови си посакаа мир ,здравје и благосостојба.
Велигден се слави три дена, а Охрид во овие празнични денови е исполнет со голем број гости од земјава , соседството но не изостануваат ни оние од подалечните земји.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
