Македонија
20. March 2026 - 13:26

Велосипедист повреден во сообраќајна незгода на излез од бензиска

На 19.03.2026 во СВР Скопје е пријавено дека во 12:50 часот на ул.„Благоја Стефковски“, на излез од бензинска пумпа, патничко возило удрило во велосипед управуван од Б.А.(20) од Скопје, соопшти МВР.

Според пријавеното, по незгодата, возачот на возилото му пружил помош на велосипедистот Б.А., а откако двајцата си заминале од местото на настанот, Б.А. почувствувал болки и бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.