Венс: Нетанјаху има направено грешки, интересите на САД и Израел не се секогаш усогласени

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека интересите на Соединетите Американски Држави и на Израел не се секогаш целосно усогласени и дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „сигурно има направено грешки во некои работи“.
Во интервју за „Си-Би-Ес“ Венс истакна дека САД и Израел имаат „многу блиско партнерство“ и дека нивните интереси понекогаш се поклопуваат, а понекогаш се разидуваат.
„Премиерот Нетанјаху управува со земја која е очигледно многу близок партнер на САД. Но, иако сме блиски партнери, понекогаш имаме интереси кои се целосно усогласени, а понекогаш имаме интереси кои не се усогласени“, изјави Венс.
Тој додаде дека американскиот претседател Доналд Трамп јасно го дефинира она што е, како што рече, во „најдобар интерес на САД“, и оти Вашингтон во случаи на разидување мора да ги следи сопствените национални интереси.
Зборувајќи за Нетанјаху, Венс рече дека тој „агресивно ги застапува интересите на својата земја“, но одби да прецизира во што израелскиот лидер можеби згрешил, нагласувајќи дека таквите прашања е подобро да останат доверливи.
Тој исто така нагласи дека израелскиот премиер бил „добар партнер“ и дека двете земји ќе продолжат со соработка и покрај разликите, особено во однос на политиката кон Иран.
„Ќе продолжиме да работиме заедно. Но, таму каде што интересите се разликуваат, САД ќе ги следат своите национални интереси“, порача Венс.
МИА
Ново на Сител
-

Град Скопје: Кејот на Вардар со нови клупи и урбана опрема за подобро урбано искуство
-

Руте: Американскиот нуклеарен чадор е најголемата гаранција за слободата во Европа
-

Европскиот парламент го усвои извештајот за Македонија
-

Роналдо: Време е да дадеме сè за нашата земја
-

Мицкоски: Европратениците да се држат до европските вредности
-

Пицула: Власта во Србија нема политичка волја да комуницира со ЕП
-

Мицкоски: Ова не е спринт, ова ќе биде маратон, имајќи ги предвид грешките од минатото
-

Едукација под отворено небо и поддршка за згрижувачките куќи: Нова заедничка активност на Flex Credit и СОС Детско село
