Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, денес изјави дека се утврдува датум кога украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин би можеле да седнат на преговарачка маса и да разговараат за завршување на војната.
Венс изјави дека нема да биде „продуктивно“ таков состанок да се одржи пред двајцата лидери да се сретнат со американскиот претседател Доналд Трамп, објави Фокс њуз.
Тој додаде дека САД ќе продолжат со „отворен дијалог“ со Украина и Зеленски.
Трамп претходно објави дека ќе се сретне со Владимир Путин во Алјаска на 15 август, но дека е отворен за трилатерален состанок на кој би учествувал и Зеленски.
Блумберг јави дека американските и руските претставници работат на постигнување договор што би ја запрел војната во Украина и кој би ја потврдил руската контрола врз териториите што Москва ги окупирала од почетокот на инвазијата.
МИА
Ново на Сител
-
Полицијата во Тирана ја опколи зградата на Њуз 24 и го исклучи сигналот, реагираше Здружението на новинари
-
Неколку аеродроми во Русија воведоа привремени ограничувања за летови
-
Лишени од слобода возачи во Делчево и гостиварско, управувале возила под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената
-
27-годишник нападнал полицаец, при претрес на неговиот дом пронајдени семки канабис и муниција
-
Блумберг: Харвард се соочува со губење патенти вредни стотици милиони долари
-
Отстранета бомба од Втората светска војна од градилиште кај Белград-на-вода
-
Подобрена ситуацијата со пожарот во источниот дел на областа Атика, поширокиот дел на Атина
-
Украина нареди евакуација на цивили од истокот на земјата, каде што руските трупи напредуваат