Верверичките ѝ помагаат на науката во проучувањето на еволуцијата на животните во градот

Истражување на Универзитетот „Мекгил“ посочува дека црните верверички во Монтреал, Квебек, Канада, им помогнале на научниците подобро да го разберат влијанието на урбаните средини, температурата, вегетацијата и природните бариери врз еволуцијата на животните.
Написот насловена како „Просторна варијација во меланизмот на источните сиви верверички низ комплексен урбан пејзаж“, ги испитува разликите во пигментацијата на источните сиви верверички на ниво на поединечни урбани населби. Истражувачот Франсис Кванг-Хаи Дин возел велосипед до речиси 200 зелени површини низ Монтреал и околните области за време на научното истражување, регистрирајќи видувања на над 800 сиви и црни верверички, објави „Си-би-ес њуз“ (CBC News). Наодите покажуваат дека црните верверички сочинуваат просечно околу 12 отсто од животните во Монтреал, но и оти тој број се зголемува на север. Во некои области северно од Лавал, црните верверички сочинуваат до 40 отсто од популацијата, додека на јужниот брег на Монтреал, тие претставуваат само 2-3 отсто. Истражувачите наведуваат дека токму распространетоста на црното крзно зависи од неколку фактори, вклучувајќи ја температурата и количината на шумска покривка. Потемното крзно може поделотворно да ја впие топлината во постудените региони, додека густата вегетација обезбедува потемна позадина, што може да понуди подобра камуфлажа.
Истражувачите наведуваат дека резултатите ја истакнуваат потребата од проучување на урбаната еволуција на локално ниво, наместо едноставно споредување на градовите со руралните области.
- Дивиот свет продолжува да живее и да опстанува и покрај промените што ги внесуваме во неговата животна средина... Градот и природата не треба да се гледаат како целосно одвоени системи, рече Дин.
Професорката Алисон Рот од Универзитетот во Мисури - една од авторите на овој научен труд, истакнува дека целта на истражувањето не е само да се проучат верверичките, туку да се искористат овие животни како модел за разбирање на урбаните средини и поттикнувањето на еволутивните промени. Според неа, градовите не се хомогени области, туку се состојат од разновидни населби со различни нивоа на вегетација, температури и природни граници.
Реката Сент Лоренс и нејзините притоки играат значајна улога во Монтреал, бидејќи можат да дејствуваат како природни бариери и да придонесат за изолација на одредени популации на верверички. Истражувањата покажаа дека урбанизацијата сама по себе не ги објаснува разликите во бојата на крзното кога се земаат предвид тамошната вегетација и зимските микроклими. Затоа, научниците заклучуваат дека градот влијае на еволутивните промени индиректно, преку промени во локалните услови на животната средина.
МИА
Ново на Сител
-

Димитриески: Функциите за нас не се најважни - Важна е работата што треба да се заврши
-

Кривичниот суд се соочува со кадровски дефицит - фалат судии, поротници, административци и помошен персонал
-

Специјалци на терен, претреси на околу 30 локации: Во тек голема акција на МВР
-

Верверичките ѝ помагаат на науката во проучувањето на еволуцијата на животните во градот
-

„Макфест“ годинава на 30 и 31 октомври, 41.издание на Фестивалот на забавни мелодии
-

Нов пораз на македонската фудбалска репрезентација, совладана од Словенија
-

За „Пулс“ досега изведени 1.390 материјални докази и сослушани 45 сведоци и пет вешти лица - не е одложено ниту едно рочиште
-

Отстранет двоглавиот орел од Кораб, на местото повторно се вее македонското знаме | ФОТО
