Вицепремиерот и министер за европски прашања Сали го посети ООУ Ресурсниот центар „Иднина“ по повод Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали денеска по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром реализираше посета на Основното училиште со Ресурсен центар „Иднина“, институција позната по својата посветеност и професионална поддршка на децата со посебни потреби, соопшти Министерството за европски прашања.
За време на посетата, Сали истакнал дека ова искуство не било само институционално, туку и длабоко човечко. Тој ја оценил позитивната атмосфера и ангажманот на персоналот, нагласувајќи ја важноста од градење на инклузивно општество каде секое дете има еднакви можности за развој.
-Секоја насмевка, секоја прегратка и секој чекор напред е доказ за силата и потенцијалот што ги имаат овие деца. Тие немаат потреба од сожалување, туку од можности и разбирање - изјавил тој.
Заменик-претседателот на Владата ја истакнал одговорноста на институциите да обезбедат квалитетно образование, достоинство и почит за сите деца, без разлика. Тој додал дека ангажманот за конкретни политики што ги поддржуваат семејствата и децата со посебни потреби ќе остане приоритет.
Сали упатил повик за континуиран општествен и институционален ангажман, нагласувајќи дека инклузијата и еднаквоста треба да бидат дел од секојдневието, а не само од симболични денови.
МИА
Ново на Сител
-

Утрово најстудено во Берово и на Попова Шапка
-

Парламентарни избори во Словенија
-

Прекината наставата во училиштата во Израел, се преминува на онлајн настава
-

Неколку експлозии во Ерусалим по предупредувањето за ракети испукани од Иран
-

Иран му одговори на Трамп со најава за напад врз постројките за десалинизација во регионот
-

АХВ не дозволи влез на 50 тони небезбедна храна на македонскиот пазар
-

Трамп му се закани на Иран со напади врз електраните ако блокадата на Ормуската Теснина не се укине во рок од 48 часа
-

Владата на седница ќе донесе мерки за ублажување на ценовниот скок на горивата
