Македонија
4. јуни 2021 - 21:17

Викендов нов бран македонски државјани на вакцина во Србија

Повеќе од 800 македонски граѓани утре ќе се вакцинираат во Србија. Овие граѓани се пријавиле преку Спона срспкиот културно информативен центар во Македонија. Оваа организација до сега во неколку наврати организира вакцинација за македонски граѓани кои немаат српски документи. Граѓаните утре одат во Врање во спортската сала каде се врши масовна вакцинација. Според информациите во моментот таму има опција да примат Фајзер или кинеската Синофарм вакцина.

Можност за пријавување се уште има но од Спона велат оваа акција била направена во време кога во Македонија се уште немаше масовна имунизација. Најверојатно повеќе нема да организираат бидејќи српскиот претседател Вучиќ најави бесплатна вакцинација за сите македонски државјани.

Преку Спона до сега биле  организирани околу 2000 граѓани претежно од помладата популација. Претходно пред речиси три месеци над 15 000 македонски државјани добија можност да се имунизираат во Србија со астра зенека.   За десет дена ќе патуваат за втората доза. Инаку министрите за здравство на Македонија и Србија се во преговори да се отвори пункт поблиску до границата каде би се одвивала  ревакцинација.