Македонија
18. October 2022 - 12:28

Викендов ново издание на фестивалот „Макфест“

Викендот „Градот под Исарот“, ќе пулсира во ритамот на најпознатиот македонски фестивал на забавни мелодии „Макфест“. Новина е што годинава фестивалот нема да има натпреварувачки, туку ревијален карактер, а целта е да се промовира македонската забавна музика.

-Сигурен сум дека подготвивме еден многу модерен, динамичен фестивал, одлични изведувачи, многу добар избор имавме. Публиката и во салата во Штип и телевизиската публика ќе бидат побогати за едно големо фестивалско искуство, изјави Роберт Саздов, уметнички директор на „Макфест“.

Сите се добри на свој начин. Тоа не е трка, фестивалот е промоција на убава музика, а која песна најмногу ќе се слуша, ќе дознаеме следната година, изјави Јован Јованов, печач.

Средствата во висина од 400.000 денари кои беа понудени од страна на Министерството за култура, општината ги одби, зашто сметаат дека „Макфест“ заслужува многу повеќе. 

-Вкупниот буџет кој што го резервиравме за одржување на „Макфест“ по 37-ми пат е 5 милиони денари од страна на општина Штип и 1 милион денари од спонзори, пријатели, покровители кои дополнително дадоа поддршка за реализацијата на гестивалот,изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

По три години фестивалската сцена повторно ќе биде поставена во Домот на културата „Ацо Шопов“. Ќе има две фестивалски вечери, на 21-ви и 22-ри октормври, а пакет билети ќе се продаваат по цена од 800 денари.