Викендов променливо облачно со сончеви периоди

Времето во текот на претстојниов викенд ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Од понеделник од вечерните часови до среда времето повторно ќе биде нестабилно со врнежи од дожд. Во вторник ќе биде наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува ветер од северен правец, кој утре и во среда ќе биде засилен, повремено силен, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Како што посочуваат од УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во јужните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 25 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде роменливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а максималната температура ќе достиген до 24 степени Целзиусови.
МИА
Ново на Сител
-

Сопственикот на Алта банка го шири бизнисот – купува 5 фирми во Србија
-

Лица со хемофилија без терапија а донација стои во магацин 1 месец
-

Примирјето во Либан стапи во сила
-

Европски конгрес на абдоминални хирурзи во Скопје
-

Илон Маск донатор во Стоби
-

Доградба на ОУ „Страшо Пинџур“, од следната учебна едносменска настава во цела О. Ѓорче Петров
-

Мицкоски: Нема проблем во снабдувањето со нафта
-

Мицкоски: Имам се посилни чувства
