То Вима ги потврди информациите на Сител: Во пакетот на Нимиц - се бара и промена на Устав и промена на идентитет
Грчка То вима ги потрвди информациите за пакетот идеи на Нимиц кои Сител ги објави по средбата со преговарачите во Њујорк.
Весникот, пишува дека според „пакетот идеи“ на Нимиц, усвојувањето на новото и конечно име што ќе биде ерга омнес, е поврзано директно и само со интеграцијата во Европската Унија. Што значи дека уставното име ќе продолжи да биде во сила до влезот во Унијата. Новото име ќе треба целосно да се усвои и за внатрешна и за надворешна употреба.
Весникот, повикувајќи се на документот од медијаторот, ги потврдува информациите објавени во медиумите за петте предлози доставени до преговарачите на 17 јануари: „Република Горна Македонија“, „Република Северна Македонија“, „Република Вардарска Македонија“, „Република Нова Македонија“ и „Република Македонија (Скопје)“, но споменува и дека Нимиц е отворен и за други предлози. Сите земји членки на ОН ќе имаат слобода да го преведат по свој избор или да го употребуваат непреведено.
Во периодот од добиената покана до официјалниот прием, односно неколку месеци Македонија че треба да ги уреди билатералните однос со сите земји членки. Товима открива дека дека големи европски земји членки на НАТО (Германија, Франција, Италија, Холандија и Шпанија), неофицијално, но интензивно, се резервирани во однос на нашето членство во НАТО „поради внатрешната политичка нестабилност“.
- Во прашањата за националноста и јазикот специјалниот претставник предлага опција: словенската верзија „makedonski“ или опис врз база на официјалното име или врз база на кратката верзија на името (на пр. граѓанин на Република Горна Македонија) - објавува грчкиот весник.
Нимиц, според „То вима“, ја споменува „клаузулата на неекслузивност“ при употребата на изразите „Македонија“ и „македонски“ и ги повикува двете страни да дојдат до взаемен договор што ќе може да се спроведе на сите јазици за употребата на овие термини.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
