Loading Video...
Тенис
3. July 2018 - 19:01

Вимблдон: Лесни победи за Надал и Мугуруза

Светскиот рекет број еден и двоен победник во Вимблдон , Рафаел Надал со лесна победа стартуваше во Лондон. Шпанецот немаше проблеми во мечот со  Дуду Села од Израел и за два часа славеше  со 3-0,  во сетови 6-3, 6-3, 6-2

Од фаворитите  максимални победи од 3-0 остварија Александар Зверев,  Дел Потро, Гулбис, Киргиос и  Томиќ.  Елиминација на стартот доживеаја Фердаско и Гофан  додека меч во 5 сета одиграа Раду Албот и Карено-Буста  а на крајот славеше Молдавецот .

Кај дамите  една од побединчките на Вимблдон, Шпанката Мугуруза славеше во 2 сета против Наоми Броди од САД додека  натпреварите завршија за руските тенисерки Звонарева и Павлјученкова како и Французинката Корнет.

Најголемото изненадување го приреди Саснович од Белорусија која во три сета ја елиминира 7 светска тенисерка Петра Квитова.