Виолетовата медуза повторно присутна во делови на Грција

Во морските делови во близина на градот Волос, во централниот и северниот дел на Евија и кај островите Скијатос и Скопелос, регистрирано е зголемено присуство на виолетовата медуза, информираа од Грчката опсерваторија за биодиверзитет, јави дописничката на МИА од Атина.
Виолетовата медуза односно Pelagia noctiluca, како што посочуваат од организацијата „е импресивен, но опасен вид“ и ги повикуваат граѓаните да бидат претпазливи.
Објаснија дека забележана е кај градот Халкида на Евија и во северниот дел на островот што „веќе се соочува со сериозен проблем“, бидејќи функционира како излез кон отворено море од заливот Пагаситикос кај градот Волос.
Појава на медузата има и во групата острови Споради, „со потврдено присуство кјај Скијатос и Скопелос“.
– Доколку пливате или посетувате плажи во горенаведените области, бидете особено внимателни. Pelagia noctiluca е импресивен, но и опасен вид поради неговиот интензивен убод, истакнаа од Грчка опсерваторија за биодиверзитет.
Додадоа дека моментално Гибралтар се соочува со најсериозната ситуација, а појави биле пријавени и во Шпанија, Франција, Италија и Јадранското Море.
– Паралелно се забележуваат слични знаци со големата наезда на виолетови медузи во Медитеранот во периодот 2020 – 2023 година, информираа од организацијата.
Во 2022 година беше регистрирано зголемено присуство на виолетовата медуза во различни делови на Грција.
Тогаш медицинските лица советуваа дека во случај на убод, потребно е да се отстранат евентуалните остатоци од кожата, но не со голи раце туку со помош на пластичен предмет, како што е на пример кредитна картичка, местото на убодот да се измие исклучиво со морска вода и да не се користи обична вода, оцет и сл, да се нанесе мраз или ладни облоги за намалување на болката и отокот и да се користи крем со кортизон за лекување на локално воспаление
Виолетовата медуза е меѓу поопасните видови медузи, убодот е болен, меѓутоа не е претставува опасност по живот за повеќето здрави луѓе.
Ново на Сител
-

Грчките земјоделци ги заоструваат протестите и блокадите
-

Стави се себе на прво место | Марија Маријановиќ | Sitel Podcast 131
-

Лазаров го објави списокот ракометари за Европското првенство
-

Маж од Градско излетал од коловозот со автомобил кај мостот на Црна Река и се здобил со тешки повреди
-

Приведен 45-годишник од Кичево, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога
-

Мицкоски: Апелација со правосилна пресуда утврди дека СДСМ изнесувала невистини и тешки клевети за мене, без докази и без основа
-

Бензините поевтинуваат за два денари
-

Зеленски: Украински преговарачи заминуваат во САД на разговори за прекин на војната
