Висар Ганиу исфрли отпад пред Град Скопје, Данела му се закани со докази за дивоградбите
Градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу вечерва пред објектот на Град Скопје со група граѓани исфрлиле ѓубре и шут што претходно денеска го собрале од Старата скопска чаршија.
Дел од медиумите објавија дека целта на оваа акција, како што изјавил Ганиу, е да испрати порака за негрижата и несоработката од страна на градските власти кон Чаир.
Тој обвинил дека општината со месеци се соочува со проблеми околу одвезувањето на отпадот и одржувањето на јавната чистота, а дека барањата упатени до Град Скопје останале игнорирани.
Доцна вечерва градоналачалничката на град Скопје Данела Арсовска, пак, ја осуди ваквата, како што стои во соопштението, герила акција на Ганиу, која ја оцени како притисок и обид да се пресмета со неа, по објавувањето изминативе денови, на негови наводни криминални зделки со дивоградбите. Таа меѓу другото наведува и дека општината Чаир на ЈП „Комунална хигиена“ му должи седум милиони денари.
- Ти фативме низ општина Чаир со камиони како градежниот и кабаст отпад ги фрлаш во и околу наши контејнери, за да не напаѓаш, за што МВР и инспекциските служби ти го конфискуваа камионот. 7 милиони му должиш на Комунална хигиена! Ќе те чекам и во град Скопје со сите докази за дивоградбите, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Раст на цените во Хрватска: Инфлацијата меѓу највисоките во еврозоната
-
Избоден малолетник во тепачка меѓу две групи ученици кај хотел „Карпош“
-
Без одобрение на државно земјиште почнал да гради шесткатница во Чаир, поведена истрага
-
Тошковски: Родителите на загинатите во Кочани имаат право да бараат, а инстиуциите се должни да дадат одговори
-
Пронајдено 14-годишното девојче кое беше пријавено за исчезнато
-
Тошковски за случувањата со Арсовска: Ова што го гледа македонската јавност е циркус пред локални избори, да беше во првата година ќе беше за поздрав
-
Сиљановска Давкова: Извонреден е Договорот со Обединетото Кралство, не факторизира геополитички на Балканот
-
МВР со прекрошочна за нелегалниот приклучок на фекална канализација што го откри Арсовска