Високи претставници на ЕУ ги осудуваат санкциите на САД против МКС

Високи претставници на ЕУ денеска ги осудија санкциите на САД против четворица судии во Меѓународниот кривичен суд (МКС), јави ДПА.
Меѓународниот кривичен суд ги смета сторителите на најлошите злосторства во светот за одговорни и им дава глас на жртвите. Мора да биде слободен да дејствува без притисок. Секогаш ќе ја поддржуваме глобалната правда (и) почитувањето на меѓународното право, напиша претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Х.
МКС „мора да остане ослободен од притисок и верен на своите принципи“, напиша шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас.
Секогаш ќе ја поддржуваме неговата витална работа и ќе ја браниме неговата независност, додаде таа.
Портпаролката на Калас изјави дека влијанието на санкциите ќе се следи и дека се проценуваат можните одговори. Ова потенцијално би можело да вклучува примена на таканаречен статус на блокирање за да се одвратат европските компании од соработка со санкциите на САД.
Американската администрација го обвинува судот со седиште во Хаг за неосновани и насочени дејствија против САД и Израел.
Вашингтон ги обвинува санкционираните судии дека овластиле истраги за американски војници во Авганистан или дека го олесниле издавањето налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант во врска со војната во Газа.
Санкциите ќе ги замрзнат сите средства што ги имаат судиите во САД. Покрај тоа, американските компании и граѓаните на САД повеќе нема да имаат право да соработуваат со нив. Сепак, владата на САД не издаде забрана за влез.
Ново на Сител
-

Околу 80 000 компании активни во земјава, бизнисот се повеќе работи електронски
-

Киднапирана жена пронајдена мртва во гостиварско
-

Стартот на „Безбеден град“ се одложува - системот ќе профункционира на 1 февруари
-

Шпанка доби отказ поради што доаѓала предвреме на работа
-

Трамп потпиша извршна наредба за ограничување на државните закони за вештачка интелигенција
-

УХМР: Најстудено утрово во Берово
-

ФЗО ќе соопшти за спроведените контроли на работењето и финансиското управување во јавните здравствени установи
-

Конференција на Советот на министри за култура од ЈИЕ, најавена декларација за одржливи културни модели
