Виткоф пристигна во Санкт Петербург на средба со Путин, по разговорите со Зеленски

Специјалниот американски пратеник Стив Виткоф денеска пристигна во Санкт Петербург, каде што треба да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин. Главна тема на разговорите се предлозите за постигнување договор со кој би се ставил крај на војната меѓу Русија и Украина. Посетата доаѓа еден ден по средбите на Виткоф во Осло со украинскиот претседател Володимир Зеленски и претставници на европските земји.
Зеленски и европските партнери порачаа дека Русија треба да се произнесе за предлозите усогласени за време на разговорите во Осло. Во меѓувреме, Виткоф се упати кон средбата со Путин, во обид да се направи напредок во дипломатските напори. Финскиот претседател Александар Стуб, кој исто така учествуваше во разговорите, оцени дека е остварен „вистински напредок“, но не откри конкретни детали. Тој нагласи дека процесот ќе бара трпение.
Од Кремљ сè уште нема официјална реакција на најновите предлози. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека ќе ги разгледа идеите што ќе ги презентира Виткоф, но истовремено ја отфрли можноста Москва да прифати „какви било политички отстапки“. Американскиот пратеник, пак, не се појави на заедничката прес-конференција по состаноците во Осло.
Засилените дипломатски контакти се одвиваат во период на зголемени тензии меѓу Киев и Вашингтон во изминатите недели. По прес-конференцијата на Зеленски во Осло, американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа изјави дека очекува Украина да постигне договор. Според него, и Русија има интерес конфликтот да заврши, додавајќи дека е дојден моментот Украина да стави крај на војната.
Паралелно со дипломатските активности, руските напади со беспилотни летала врз Украина продолжија и во текот на оваа недела. Украинските власти соопштија дека во нападите во вторникот животот го загубиле најмалку 10 лица. Четири жртви имало во Киев и околниот регион, четири во источниот регион Доњецк, а уште две во централниот град Днипро.
Дополнително, во ноќен напад во близина на Харков, вториот најголем град во Украина, загинале уште две лица.
На претходно објавена фотографија се гледа ракувањето меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот специјален пратеник Стив Виткоф во Санкт Петербург, на 11 април 2025 година.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, Центар за интегрирана безбедност
-

МЕПСО бара речиси двојно повисока тарифа за пренос на струјата, можно е поскапување и на парното
-

Пензионерите бараат линеарно покачување на пензиите затоа што во пензија сите биле исти пред законот
-

Семејствата на починати пациенти бараат одговорност за наводните кубански вакцини
-

Стартуваше бесплатната имунизација проитив сезонски грип за ризичните групи
-

Уставен ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за мигрантите
-

СДСМ: Гренел соработникот на Мицкоски под истрага
-

Управниот одбор не одобрил набавка на апарати за коцкање
