Визна либерализација меѓу темите на вториот Стратешки дијалог со САД
Со заедничка изјава, потпишана од заменик-државниот секретар Кристофер Ландау и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, заврши вториот Стратешки дијалог меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави.
Во изјавата, која ја објавија и македонското МНР и американскиот Стејт департмент, се реафирмираат партнерските односи меѓу двете држави, како и определбата за понатамошна соработка во клучните области: евроатлантска интеграција, одбрана, енергетика и економија.
- „Со заедничката изјава се реафирмира заедничката определба за натамошно продлабочување на стратешкото партнерство и унапредување на мирот, безбедноста и економскиот просперитет. Стратешкиот дијалог го продлабочи партнерството меѓу САД и Северна Македонија и ги зајакна заедничките цели за унапредување на мирот, безбедноста и просперитетот. Тој претставува значаен исчекор во зацврстувањето на трансатлантските врски и ја потврдува улогата на Северна Македонија како кредибилен сојузник и партнер на Соединетите Американски Држави“, информираат од МНР.
Освен веќе познатите теми, отворена е и темата за олеснување на визниот режим за македонските граѓани и полесен влез во САД.
Со американскиот партнер се разговарало и за приоритетите и реформите на македонската влада.
Последната рунда од Стратешкиот дијалог носи придобивки и во делот на заштитата на културното наследство..
-
Катерина Нешковa
Сите содржини од овој новинар
