Вкупниот промет во индустријата зголемен за 6 проценти во април на годишно ниво
Прометот во индустријата, вкупно, во април годинава во однос на април лани е зголемен за 6 проценти. Податоците што ги објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС) покажуваат дека има раст од 8,2 проценти кај Производство на прехранбени производи, од 18,7 проценти кај Производство на електрична опрема и од 94,7 проценти кај Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
- Прометот во индустријата, вкупно, во април 2025 година во однос на април 2024 година, според главните индустриски групи, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.0 проценти, Капитални производи за 11.6 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 5.3 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.5 проценти, објави ДЗС.
Во април годинава во однос на март годинава, вкупниот промет во индустријата, бележи пад од 7,9 проценти, додека во периодот јануари – април годинава во однос на истиот период лани има зголемување од 3,6 проценти.
Според податоците на ДЗС, прометот во индустријата на домашниот пазар во април годинава во однос на април минатата година, е намален за1,7 отсто, а во периодот јануари – април 2025 година, во однос на истиот период од минатата година за 3,7 отсто. На странските пазарипрометот во индустријата во април годинава во однос на април минатата година, е зголемен за 7,2 отсто, а во првите четири месеци од годинава споредено со истиот период од минатата година за 4,8 проценти.
Ново на Сител
-
Превентивни активности за безбедно патување во летни услови
-
Мицкоски: Будно ја следиме состојбата со Иран и Израел, активиран е кризен штаб во МНРиНТ
-
Кац: Техеран ќе гори ако продолжат иранските напади врз Израел
-
Велешанец нападнал малолетничка и се заканувал на полицијата - моментално е во бегство
-
42-годишник од Виница возел со 2,99 промили во крвта, се превртел на патот
-
Убиени уште двајца виско рангирани ирански генерали
-
Неколку земји на Блискиот Исток повторно го отвораат водушниот простор за цивилен сообраќај
-
Тешко повреден скопјанец откако излетал од пат со возило