Влада: Телефонскиот број 070/355-526 е во функција, Пониква станува центар за рехабилитација за повредените
Од денеска е во функција телефонската линија за сите повредени и нивните семејства во трагедијата во Кочани е во функција. Преку директна комуникација секој од повредените лица и семејствата ќе може да се јават, да ги искажат своите барања кои ги имаат, како и да понудат предлози и конкретни потреби.
-Телефонскиот број 070/355-526 на кој ќе можат да се јават повредените и семејствата е јавно достапен, и е директна комуникација управувана од Канцеларијата на претседателот на Владата. Никој нема да биде заборавен. Наш приоритет е повредените од кочанската трагедија да добијат соодветна медицинска нега и целосна рехабилитација, за да можат да продолжат со животот понатаму, велат од Владата.
Појаснуваат дека поради тоа, на владина седница ќе се донесе одлука со која одморалиштето Пониква кое е во сопственост на Министерството за внатрешни работи ќе се отстапи за потребите на Министерството за здравство, односно за пациентите кои веќе се во стабилна состојба, но, имаат потреба од понатамошен третман.
-Одморалиштето Пониква располага со 27 соби и 56 легла, а ќе биде обезбеден и дополнителен медицински кадар кој ќе пружи целосна медицинска нега на пациентите. Ова значи дека повредените лица на кои им е потребна дополнителна здравствена заштита ќе можат да ги користат овие услуги. Како Влада сме целосно посветени да обезбедиме здравствена заштита на повредените од трагедијата во Кочани. Дополнително, ги замолуваме политичките партии да се воздржат од некрофилија и да дозволат случајот целосно да го водат институциите, се вели во соопштението од Владата.
Напоменуваат дека секој што е инволвиран во овој случај, мора и ќе одговара, без разлика на неговиот статус во општеството или припадност на политичка партија.
-Правдата доаѓа и ќе биде одговор за сите. Државата е на патот на промените, нагласуваат од Владата.
Ново на Сител
-
Јаневска и Сијарто потпишаа Меморандум со кој годишно по 20 македонски студенти ќе добиваат стипендии за студии во Унгарија
-
Не спречиле палење на пиротехниката, проширена истрагата на 13 полицајци за пожарот во дискотеката во Кочани
-
Официјален претставник на Хезболах: Ќе се држиме подалеку од израелско-иранскиот конфликт
-
Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе влијае врз цената на нафтата и во Македонија
-
Трамп го предупредува Иран да се согласи на нуклеарен договор пред „уште побрутални“ напади
-
Авион на „Ер Индија“ принудно слета на островот Пукет во Тајланд по закана за поставена бомба
-
Ново поглавје за Флекс Кредит – пристигнавме и во Црна Гора!
-
Шефот на НАТО повикува на деескалација по израелскиот напад врз Иран