Македонија
10. February 2026 - 18:31

Владата донесе одлука што ќе овозможи да се уреди паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза"

Владата донесе одлука за решавање на проблемот со паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза". Со оваа одлука, како што информира владината прес-служба, се создава правна основа за потпишување договор меѓу Министерството за здравство и Градот Скопје.

- Се затвораат административните прашања што со децении го попречуваа уредувањето на паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“. Министерството за здравство во рок од три месеци го заврши процесот на регистрација на парцелите во Катастар и изработка на соодветните елаборати, со што се отвора патот за изградба на модерен и функционален паркинг, вклучително и катни гаражи, како и воведување софтверско решение за ефикасно управување, соопшти владиниот портпарол, Венера Азизи.

Проектот, дополнуваат од Владата, ќе обезбеди подобри услови за пациентите, здравствените работници и граѓаните кои ги користат услугите на кампусот. 

МИА