Владата ги информира НАТО и ЕУ за студентските протести, СДСМ со контраобвинувања
Македонската владата ги известила партнерите во НАТО и ЕУ за протестите на студентите кои добија силна поддршка од опозициски пратеници и функционери. Ваквата подршка е обид на опозицијата за дестабилизација на државата, обвини премиерот.
Иако Уставот и законите се јасни, Венцијанската комисија испрати негативно мислење за двојазичноста во правосудството, сепак се бара уставно решение за полагање на правосудниот испит, тврди премиерот Мицкоски.
-Вчера видовме голем број опозициски активисти и функционери кои што беа на протестот и на тоа му дадоа и политичка конотација. Ние за тоа ги информиравме нашите сојузници во НАТО и во рамките на ЕУ за обид на опозицијата на одреден начин да направи дестабилизација и мислам дека тоа не наиде на одобрување од страна на високи претставници на меѓународната заедница, рече Мицкоски.
Се бара решение кое ќе ги надмине наследените проблеми од претходните влади, потврди и претседателот на БЕСА, Касами.
„Ако целите студии се завршени на албански јазик, ќе треба и правосудниот испит да биде на истиот јазик. Работиме во правец на наоѓање на законско решение со кое и оваа проблематика наследена од претходните влади да биде решена“, рече претседателот на БЕСА, Билал Касами.
СДСМ врати со контраобвинувања – владата е таа која отвора затворени прашања. Решение за проблемот велат мора да се најде.
-Денеска го слушнавме низ медиумите дека ќе пријавел во НАТО и во ЕУ за ова. Ете да му порчаме на Мицкоски тој да се пријави и во НАТО и во ЕУ, затоа што тој ја дестабилизира состојбата во државата. Овие прашања беа затворени прашања, но откако владата на Мицковски и владата на ВМРО е на власт, повторно се поставуваат прашања за поделби, вели Тренчевска.
Во одбрана на студентите албанци јавно застанаа опозициската ДУИ, а поддршка дадоа и Битиќи од СДСМ и Снопче од Алијанса. Студентите албанци на протест побараа правосудниот испит да го полагаат на албански јазик, иако законите се јасни дека полагањето е само на македонски јазик како службен јазик во Македонија.
На протестите и претходеше петиција од студентите, па инспекторатот за употреба на јазиците врз основа на тоа нареди инспектори да влезат во Правда и да ја проверуваат документацијата за спроведување на испитот.
По вчерашните протести, од министертвото порачаа дека го почитуваат правото на протест, но предупредија дека чувствителни прашања, како што е правосудството, не смеат да бидат злоупотребени за политички цели.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
