Владата ќе донира 100 нови комби возила за Македонска пошта

Македонска пошта следниот месец од Владата ќе добие 100 возила, 90 помали комбиња и 10 големи комбиња со кои ќе може да се подобрат условите за работа, рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Како што информира Николоски на јавниот состанок што го одржа Агенцијата за пошти, се работи и на програма за дополнителна поддршка на Поштата.
- Работиме и на програма што ќе значи дополнителна помош за Македонска пошта и во делот на софтвер, сортирки, просторни услови и можност за испорачување најдобри услуги на пазарот. Во таа насока соработката со Агенцијата има клучна улога, рече вицепремиерот.
Во обраќањето на состанокот, Николоски порача дека ќе мора да се менуваат условите на пазарот на поштенски услуги.
- Мојата намера е Македонска пошта да расте, а не да пропаѓа - или сите подеднакво ќе го носат товарот или ќе носиме други одлуки, потенцира Николоски.
МИА
Ново на Сител
-

Полициските службеници изминатите два дена констатираа 1322 сообраќајни прекршоци, уапсени 32 лица
-

Денеска два астрономски спектакла - помрачување на Сонцето и метеорски дожд, ќе бидат видливи и од Македонија
-

Почина 83-годишен пациент заразен со западнонилска треска
-

25% од учениците на 15 и 16 години се коцкале за пари во последната година
-

УХМР најавува невреме: Пороен дожд, грмежи, силен ветер и можен град
-

Зголемена фреквенција на патиштата, околу еден час чекање на Табановце и Богородица
-

Активни пожари кај Македонски Брод и над селото Моране
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
