Владата ќе ги обесштети штетите од невремето, граѓаните да поднесат пријави

Граѓаните што претрпеле штета од невремето треба да ја пријават во општинските комисии по што Владата ќе постапи во согласност со законските процедури и ќе обезбеди обесштетувањ -, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Одговарајќи на новинарско прашање при пуштањето во употреба на реконструираниот градски базен во Кавадарци, Мицкоски појасни дека општините и нивните институции формираат комисии за процена на штетите.
- Што се однесува до обесштетувањето на граѓаните што претрпеа штета од невремето, само можам да кажам дека општините и институциите под општините формираат комисии, граѓаните што имаат штета треба да ја пријават таа штета кај комисиите, тие ќе направат процена и веднаш во комитетот за процена на штети ќе ги достават до Владата, а ние во согласност со законот и праксата ќе интервенираме и ќе ги обесштетиме оние што ќе пријават штета - изјави Мицкоски.
Тој упати апел до граѓаните навремено да ги пријават настанатите штети за да може да се спроведе законската постапка за процена и обесштетување.
- Апелирам до граѓаните, оние кои што имаат претпрено штета, да ги пријават тие штети, да излезе комисија, да ја констатира и да добиеме ние како Влада повторно спецификација на тие штети за да можеме да ги обесштетиме - рече Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Одбележани 14 години од големиот пожар над Струмица во кој загинаа четири лица
-

Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари, поднесена кривична пријава против едно лице
-

Комеморација за киднапираните и убиени Македонци во 2001 година во тетовско Непроштено
-

Претставничкиот дом на САД одобри рекордни 1,15 трилиони долари за одбраната
-

На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека 15 минути
-

Агент поврзан со случајот „Епстин“ пронајден мртов во стан во Париз
-

САД започнаа нови напади врз воени цели во Иран 12-та ноќ по ред
-

Сончево со локална облачност и температура до 34 степени
