Владата најави мерки за граѓаните од следниот месец, ако цените продолжат да растат
Мерки за граѓаните против растечката инфлација најверојатно ќе има од следниот месец. Владата најави дека ја следи состојбата и бидејќи најголем скок на цените статистиката регистрира кај транспортот и алкохолните пијалоци и цигарите, премиерот вели – можно намалување на даноците кај горивата, но зголемување кај тутунот и алкохолот.
-Тука јас навистина не би сакал мерки да применувам. Напротив, можеби уште поригорозни мерки треба, затоа што целта наша е да се заштити здравјето на граѓаните. Така што, во делот на алкохолните пијалаци, тутунот и цигарите, односно тутунските производи и цигарите, нема потреба од никакви мерки и еве однапред кажуваме дека тука нема да има мерки.
-Што се однесува во делот на транспортот, Владата веќе разговара со транспортерите. Тука може да интервенираме повторно во делот на даноците, изјави Мицкоски.
Вчера статистикатата измери инфлација од 4,8 отсто во мај. За една година, покрај превозот и пијалоците, скок на цените има и кај храната. Месото се продава за 9 отсто поскапо, мастите и маслата -7, 6 % млекото и млечните производи. Но во споредба со претходниот месец –, според Државниот пазарен инспекторат , зголемувањето на цените кај дел од храната е околу еден процент.
Кај јајцата, млекото, овошјето и зеленчукот има значително поевтунување.,м вели првиот човек на ДПИ. Инспекторите се на терен и кон крајот на јуни врз основа на проверките на 10 тина големи дистрибутери и 10 ланци на маркети ќе го компетираат конечниот извештај.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
