Владата не верува дека линиите на Филипче може да бидат црвени
Премиерот со радост и трпение ги чека црвените линии на Филипче но не е оптимист дека тие ќе ни донесат подобра положба во интеграциите. На свечената академија по повод Денот на независноста вели дека искуството го научило до со СДСМ не може да има никакви гаранции.
И Претседателката повтори дека црвените линии одамна станале бели. Во празничното интервју за Сител вели дека не постои услов кој Македонија до сега не го исполнила
Опозицискиот лидер Филипче минатата недела најави резолуција со црвени линии која ќе гарантира дека по внесувањето на Бугарите во Уставот ново непринципиелно вето од Софија ќе значи и крај на преговорите. Резолуцијата требаше да биде објавена на крајот од минатата недела но Филипче рече дека прави широки консултации па предлогот пред јавноста и пратениците треба да се најде пред крајот на викендот.
Во својата честитка денеска уште еднаш порача дека мора да се обединиме бидејќи Европа е највисоката цел.
Македонската Влада останува на ставот дека европските интеграции се нејзин врвен приоритет, но како што велат патот до Брисел мора да биде достоинствен.