Владата нуди грантови од 10 илјади евра за отворање на детски градинки
10 илјади евра неповратна помош нуди државата за отворање нови детски градинки. Огласот е во тек, а може да аплицираат сите физички или правни лица евидентирани како невработени во Агенцијата за вработување. Главен услов за добивање на средствата е капацитетот за згрижување на деца да биде нов. Можност за аплицирање имаат и веќе постоечките приватни градинки, но само ако изградат или реновираат нов објект. Постоечките простории нема да може да ги опремуваат со добиените пари.
-Проектот има поголем број на позитивни цели. Првата е дека со него и со директната финансиска поддршка од 10 илјади евра се создаваат поголеми можности за проширување на капацитетите на градинките за згрижување и едукација на поголем број на дечиња. Со зголемувањето на бројката за опфатот на деца се создава и конкуренција за подобрување на условите за згрижување на децата, но и за намалување на цените за згрижување кои ги плаќаат семејствата. Од друга страна се отвораат нови работни места во директната дејност, односно се вработуваат негувателки и воспитачки, но и индиректно се дава работа за градежно-занатските работници кои ги реновираат или пак ги адпатираат или опремуваат објектите, изјави Александар Ѓорѓиев, портпарол на Владата на Р. М
Од Владата ги повикуваат сите заинтересирани за овој проект апликациите да ги состават во АВРМ. Во биснис планот треба да имаат утврдено локација, проект за изградба, соодветен објект со две занимални и помошни простории и да реализираат минимум 4 нови вработувања на воспитувачки и негователки.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
