Македонија
11. March 2026 - 16:52

Владата, Здружението на граѓани „16 март“ и Општина Кочани се подготвуваат за одбележување на годишнината од трагедијата во Пулс

Кочани и Македонија се подготвуваат за одбележување на годишнината од најголемата трагедија во историјата на државата. Владата в сабота ќе организира Меѓународна конференција во чест на 63-те загубени животи. 

На конференцијата планирани се панели на кои ќе се анализира одговорот на државата по пожарот во импровизираната дискотека „Пулс“, но ќе се бара и начин како системот да се зајакне во иднина.

Општина Кочани во соработка со Здружението на граѓани „16 март 2025 Кочани“ во кое се сплотени родителите организираат заедничко одбележување. Родителите и покрај болката и тагата со која се носат собраа сили да учествуваат достоинствено да се одбележи настанот – Денот на сеќавање 16.03.2025 година. Поканите до сите амбасади ги испратиле од здружението и дел од планираните активности во програмата се во нивна сопствена режија и на нивен трошок. 

Во текот на целиот викенд ќе организира активности кои ќе почнат в сабота на 14-ти во црквата Св. Ѓорѓи Великомаченик каде ќе чиноначалствуваат архиепискот охридски и македонски Г.Г. Стефан и владиката Оларион од Брегалничката епархија. В сабота и недела ќе има повеќе спортски и културни настани, а на 16-ти општината ќе ги организира главните активности.

На 16 март минатата година во 02:32 избувна пожарот во дискотеката Пулс ко однесе 63 млади животи. Над 200 луѓе беа повредени, а во меѓувреме почнаа два судски процеси.