Македонија
14. December 2020 - 19:46

Власта не успеа да обезбеди мнозинство за продолжување на кризната состојба

Собранието не успеа да ја донесе одлуката за продолжување на кризната состојба од 21 декември до 30 јуни во првиот обид поради немање на кворум во собраниската сала. Опозициските пратеници не учествуваа во работата на парламентот, а власта самостојно немаше најмалку 61 народен избраник на седницата.

За да биде донесена, кризната состојба ќе мора да чека парламентарен кворум, но за да биде како продолжение на тековната сотојба што донесе Владата тоа треба да се случи до 20 декември кога и истекува важењето.

Опозицијата даде поддршка за нејзино продолжување на комсиската расправа во парламентот, од ВМРО-ДПМНЕ сега велат дека не се на пленарната седница седница бидејќи на нејзе биле вметаните десетици закони по скратена постапка.

Од власта пак, велат дека опозицијата намерно ја блокира работата на парламентот.

„Не ја разбирам одлуката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да не учествуваат на денешната седница кога се носат битни одлуки вклучувајќи го законот за извршување на буџетот за 20121 кој е директно поврзан за самиот буџет. Граѓаните гласале за да ги застапуваме нивните интереси, затоа искрено се надевам дека ќе ја преиспитаат нивната одлука“, вели коордионаторот на СДСМ Митрески.

Заглавија и другите точки на дневен ред, меѓу кои и оние за законот за попис, законот за извршување на буџетот за 2021 година, за нов член на судскиот совет, за прераспределба на рамковно вработените... Дневниот ред беше донесен благодарение на пратениците од Коалицијата Алијанса и Алтернатива по што и тие ја напуштија салата.