Македонија
19. November 2025 - 16:47

ВМРО-ДПМЕ ги повика судиите и јавните обвинители да си ги заработат платите, Филипче бара фокус на реформската агенда

Наместо да бараат повеќе пари, судиите и обвинителите да ги засукаат ракавите и да си ја заработат платата. Владејачката партија оценува дека македонските судии и обвинители се најплатени во регионот, а имаат најниска доверба од само 2%.    

А сега кога говориме за кадарот, Германија има околу 25 судии и 8 обвинители на 100.000 жители, додека Македонија има 22 судии и 9 обвинители. Но клучната разлика е во ефикасноста. Германските судии завршуваат околу 800 предмети годишно, додека пак македонските само од 170 до 200 предмети. Притоа, македонските судии и обвинители земаат од 2,3 до 3,2 просечни плати, а германските судии и обвинители само 1,08 просечни плати. Граѓаните не треба да чекаат 5 до 10 години за правосудна разрешница. Наместо приоритет да бидат личните привилегии, приоритетот мора да биде правдата, ефикасното судење и независноста. Очекуваме од судството и обвинителството да си ги засукаат ракавите и да ја исполнат својата обврска кон граѓаните, вели Валентин Манасиевски, ВМРО-ДПМНЕ 

Опозицискиот лидер пак оценува дека власта манипулира со темата за да ја прикрие реалноста, а тоа е дека изминатата година не е донесен ниту еден закон од реформската агенда.

Парите кои правосудниот систем ги добива од државниот буџет станаа актуелни по последниот извештај на ЕК, која оцени дека во овој клучен сектор државата нема направено никаков напредок, а неопходно е државата да обезбеди системска независнот на судскиот систем преку обезбедување на повеќе финансиски средства.

Премиерот Мицкоски вината за лошите оценки од Брисел ја префрли на судиите и јавните обвинители, а тие му возвратија со писмо дека токму неговите неаргументирани критики ја поткопуваат довербата, но и независноста на судската власт.