ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори истрага по допрен глас за користење службено возило за приватни цели од страна на Трендафилов

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно и даде поддршка и ги осуди нападите врз својата колешка и заменик координаторка Дафина Стојаноска од страна на претседателот на ССМ Слободан Трендафилов по објавените фотографии на кои се гледа дека тој за приватни цели го користи службеното возило. Го повикаа јавното обвинителство веднаш да отвори истрага по допрен глас, а Трендафилов да одговори колку пати го злоупотребил службеното возило за приватни цели и прошетки, колку литри гориво се потрошени од членарините, „и за што се друго ја има злоупотребено својата положба додека глуми скромност и голем заштитник на социјалната правда во Македонија“.
- Она што го видовме од страна на Слободан Трендафилов не е ништо друго помалку од директен атак, обид за замолчување и брутален притисок врз жената во политиката. Трендафилов избра на кукавички начин да ја нападне жената која имаше храброст јавно да го изнесе неговото расипништво. Ова е класичен пример на мизогинија, каде маж на функција се обидува да дискредитира и деградира жена, само затоа што ја обелоденила вистината, рече на прес-конференција пратеничката Лидија Петкоска.
Таа ги повика сите релевантни домашни и меѓународни организации да реагираат на оваа постапка на претседателот на ССМ.
Треба да се расчисти една работа, рече таа, а тоа е дека на јавно достапните снимки, идентитетот на лицата е заштитен токму затоа што целта не се децата, туку расипништвото и неговите двојни аршини.
- Трендафилов е тој што ги злоупотребил своите деца како жив штит за да ги одбрани неговите привилегии и комфор, ставајќи ги во возило кое му припаѓа на македонскиот работник. Со вокабуларот на опозицијата, да, монструозно е да земаш плата од работниците за кои наводно се бориш додека ти уживаш во луксузот на сметка на ССМ и македонските работници, рече Петкоска, додавајќи дека Трендафилов е целосно нелегитимен претседател и оти тој е таму само за да си ја зачува фотелјата.
МИА
Ново на Сител
-

Во Белград уапсен возач осомничен за обид за убиство при пробивање студентска блокада
-

Меѓаши: Ниту едно дете не смее да чека инцидент за да биде заштитено, над 8.000 ученици дел од активности за побезбедни училишта
-

Путин набрзо ќе ја посети Кина
-

ОЈО: Истрага за претседател на суд и судски администратор
-

Рокас: Има забрзување на процесот на реформите
-

Тешко повреден кумановец во сообраќајна несреќа на автопатот Куманово – Скопје
-

Иран дозволи премин на кинески бродови низ Ормуска Теснина
-

12-годишно девојче под присила праќало експлицитни фотографии и видеа на малолетник
