ВМРО-ДПМНЕ: Филипче би поддржал уставни измени со внесување на Бугарите

СДС, Венко Филипче и тие околу него, за власт, моќ и амнестија на криминалите се спремни на се и на нови национални предавства.
Без око да им трепне, уште од прв ден, доколку би дошле власт, би направиле уставни измени со кои би ги вметнале Бугарите во македонскиот устав.
Иако знаат дека впишувањето на околу две, три илјади граѓани кои себеси се чувствуваат како Бугари не се последното барање или ултиматум кој доаѓа од источниот сосед.
Следни на маса за отстапки ќе бидат македонскиот јазик, култура, историја, идентитет и на ултиматумите и бугарските диктати ќе им нема крај. Тоа Филипче го знае, затоа што се е јавно кажано, само на него и на СДС им одговара да зборуваат дека Бугарите во Устав се последното барање од Бугарија и единствениот услов за продолжување на евроинтегративниот пат на државата.
Но, како послушник и пиун на Румен Радев, Филипче се претвори во главен лобист во државава за прифаќање на бугарските диктати. Затоа потсетуваме на видеа од 2019 година, кое повторно стана актуелно на социјалните мрежи, од говор на Радев како тогашен претседател на Бугарија пред голем аудиториум на конференција во Русија, на којшто присуствувал и Владимир Путин, говорел за македонската историја во бугарски контекст.
Во своето тогашно обраќање, Румен Радев зборувал и дека Гоце Делчев е Бугарин и дека писменоста кај словенските народи дошла од Бугарија, а не од Македонија
Во тоа време владата во Македонија ја предводел Зоран Заев, а Венко Филипче беше министер и од нив како тогашна власт немаше никаква осуда за конкретниот говор на Радев, како што немаа реакција ни за изјавата на бугарската министерка која нè нарече северномакедонци.
Оттука јасно е дека бугарските власти немаат намера да застанат само на Бугарите во Устав, туку нивната намера е комплетно да ја редефинираат македонската историја, македонскиот јазик, култура и идентитет. И за тоа подизведувачи им се СДС и Филипче.
Филипче јасно покажува дека доколку дојде на власт би им дозволил на Бугарите без никаква задршка, великанот Гоце Делчев, Јане Сандански, Питу Гули, Даме Груев да бидат Бугари кои се бореле за бугарската држава, а Кирил и Методиј да бидат бугарски просветители кои ги описмениле словенските народи. И после тоа, секако би следел и македонскиот јазик кој за нив нема да е проблем да речат дека постои од 1945 година, исто како и дека македонскиот идентитет е од по втората светска војна, а дека се пред тоа било бугарско.
Од СДС и Венко Филипче друго и не се очекува, кога во свои редови го има Стево Пендаровски кој исто како и бугарските власти мисли за Гоце Делчев, како и Рубин Земон кој вели дека Делчев ништо не направил за Македонија.
Но времето на предавствата на СДС, Филипче и Заев и на националните и идентитетски отстапки заврши.
ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните кои ја ценат и поддржуваат нашата достоинствена политика која носи просперитет и благосостојба на македонскиот народ, тоа нема да го дозволат.
Време е за реформи, не за прифаќање ултиматуми и уцени на штета на македонските идентитетски обележја.
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Зголемен прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во април, намален кај горивата
-

Британски лекари: Социјалните мрежи се исто толку штетни за децата како и пушењето
-

Папата Лав Четиринаесетти ја осуди ескалацијата на војната во Украина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче би поддржал уставни измени со внесување на Бугарите
-

Утре нестабилно со дожд, грмежи и ветер
-

СДСМ: Уште 4 дена до неисполнување на ветувањето на Христијан Мицкоски
-

Апел за помош: Исчезната е Лидија од Скопје, последен пат видена во Црниче
-

ЕЦБ: Војната во Иран е тежок тест за финансиските пазари
