ВМРО-ДПМНЕ: Полицаец ограби банка, нарко бос е ослободен - работи ли нешто МВР?

Подземјето царува со државата, а грабежи, пукотници, убиства и криминал се секојдневие. Јавноста со право се прашува дали МВР работи нешто и дали полицијата е само нем сведок на анархијата која директно ја загрозува безбедноста на граѓаните.
Последниот во низата скандалозни настани е грабежот на банка во центарот на Скопје во кој учествувале полицаец и наркобос кој требало да биде во куќен притвор. Овој грабеж се случи дрско среде бел ден и имало и користење на огнено оружје, што кажува дека ограбувачите се чувствувале заштитени.
За јавноста веќе не е изненадување тоа што дел од полицијата на Спасовски е во коалиција со криминалот, ама дека рака под рака заедно ограбуваат банки, тоа веројатно не го знаеле.
Нарко босот кој учествувал во ограбувањето на банката беше дел од бегалците од големата акција Планина, а замислете кога го фатиле му одредиле куќен притвор, што го искористил да си планира нови криминали.
Замислете нарко бос кој проби полициска акција, беше во бегство, па беше фатен, па призна вина и доби затвор под законскиот минимум, по што беше пуштен во домашен притвор, среде бел ден со огнено оружје ограби банка.
Да потсетиме дека пред извесно време Кичеец наместо да биде во притвор учествуваше во сообраќајка со смртни последици, а Рашковски наместо во притвор се шеташе слободно низ скопските улици.
Има ли поредок во Македонија? Има ли владеење на правото?
Многу нормално е кога мафијата на СДСМ и ДУИ е на власт, сите криминалци да се чувствуваат комотно и безбедно. Криминалците се заштитени, а граѓаните небезбедни.
Ново на Сител
-

Лидерска средба утре во Клубот на пратениците за реформските закони и за укинување на техничката влада
-

17 години затвор за убиецот на турскиот државјанин во Штип
-

Судиите на 29 јануари ќе избираат член на Судскиот совет од редот на судиите од немнозинските заедници
-

Алгел: Вевчанскиот карневал уникатен и со традиција
-

80-годишен дедо фатен со 16 пакетчиња кокаин во Сплит, на полицајците рекол „Тоа е за здравје, се препородив“
-

Ножот се скршил, зел ножици па откако и тие се свиткале зел друг нож, детали за убиството во Богданци
-

Двајца браќа пензионери измамени од тетовец за 15.000 евра
-

Никој не ги покани во Србија, не сакам да ги видам - Вучиќ за посетата на делегација на ЕП
