ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Ковачевски е толку неспособна што три месеци не може да ги реши дојавите за бомби
Интервјуто на Ковачевски е доказ дека тој како премиер и неговата Влада немаат стратегија како Македонија да ја извлечат од економска и енергетска криза.
Интервјуто Димитар Ковачевски го искористи за да ја прикрие својата неспосбност која што за овие 365 дена се докажа безброј пати. Тој единствено се грижи за Тачела коалицијата која што му служи како параван за матни зделки.
Владата на Ковачевски е толку неспособна што веќе три месеци не може да го реши проблемот со дојавите на бомбите кои го тероризираат населението секојдневно.
Ковачевски треба веќе еднаш да се разбуди и да се соочи со реалноста дека граѓаните не веруваат во дезертер кој што лажеше дека служел војска. Граѓаните воопшто нема да му поверуваат во ниту едно негово ветување бидејќи знаат дека тој се што ветил излажал.
Ковачевски многу добро знае дека во 2023 година ќе се случат предвремени парламентарни избори и на тие ќе изгуби катастрофално.
Рејтинзите на анкетите јасно му порачуваат на Ковачевски дека си заминува од политиката, неговиот крај се побргу се ближи.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Повремен дожд и разведрување попладне
-

Автобус удрил во девојче кај скопско Ново Село, сообраќајот отежнат
-

Четири лица осомничени за трговија со дрога и хашиш во гевгелиско, предложен притвор
-

Граѓанска иницијатива ,,Стоп за Усје" најави марш оваа Сабота пред Влада поради загадениот воздух
-

Финални подготовки за пуштање во функција на системот „Безбеден град“
-

Во Минесота рочиште за тужбата со која се бара прекин на зголеменото присуство на ICE
-

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда
-

МВР: Глобите за сообраќајни прекршоци во рамките на „Безбеден град“ од 15 до 500 евра
