ВМРО-ДПМНЕ во недела ќе го објави кандидатот за градоначлник на Скопје
Во недела попладне ВМРО-ДПМНЕ ќе го соопшти името на кандидатот за градоначалник на Град Скопје. Информацијата ја потврди министерот за локална самоуправа кој заедно со градоначалникот на Кисела Вода важат за најсериозни кандидати за оваа позиција.
Извори од ВМРО-ДПМНЕ велат дека конечна одлука се уште нема и дека до извршниот комитет во недела сите опции остануваат отворени.
Дотогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе се сретне и со ЗНАМ во обид коалицијата од централно да се префрли и на локално ниво. Неофицијално, ЗНАМ бара поддршка за Максим Димитриевски во Куманово и празен простор за директна борба со СДСМ во општина Центар.
На коалиција со ВМРО-ДПМНЕ за изборите се надеваат и во Вреди
Иако поголемиот дел од кандидатите се уште не се познати, партиите веќе почнаа со интензивни теренски активности. ВМРО-ДПМНЕ вчера имаше трибина во Струмица а социјалдемократите беа во Крушево од каде опозицискиот лидер порача дека почнувале сите победи на македонскиот народ
СДСМ веќе промовираше 15тина кандидати. Изненадување е што меѓу нив не е струмичкиот градоначлник Костадин Костадинов кој веројатно ќе оди со независна кандидатура.
Во албанскиот блок се уште нема официјални кандидатури иако се очекуваат интересни битки во сите поголеми општини. Касами е речи си сигурен кандидат за Тетово, Ганиу за Чаир а министерот Лимани за Кичево каде ДУИ веќе најави дека ќе оди со актуелниот градоначаник Фатмир Дехари.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар