Во Албанија полициски дронови ќе регистрираат сообраќајни прекршоци

Албанскиот министер за внатрешни работи Бесфорт Ламалари информираше дека полициски дронови ќе бидат употребени за да регистрираат сообраќајни прекршоци во Албанија, со што според албански медиуми, се очекува намален број на смртни случаи на патиштата за 45 отсто.
Секој прекршок регистриран од дрон ќе биде пријавен кај најблиската полициска патрола, која ќе го запре возачот за да му ја даде казната.
Ламалари додаде дека наскоро ќе бидат поставени камери со вештачка интелигенција на дроновите на националните и главните патишта во земјата како дел од иницијативата за безбедност „Безбеден град“ (Smart City).
Toj апелираше на строго почитување на сообраќајните правила и прописи и рече дека постапките на возачите, кои го попречуваат движењето на албанските граѓани и ги блокираат патиштата ќе бидат санкционирани.
– Неприфатливо е поради неодговорните постапки на некои поединци, да страдаат други кои избираат да ги почитуваат граѓанските норми и сообраќајниот правилник. Правилата се еднакви и мора да ги почитувате сите без никаков исклучок или разлика, вели Ламалари во видеопорака.
Тој истакна дека повеќе „нема да се толерираат однесувања што го попречуваат слободното движење на граѓаните“.
МИА
Ново на Сител
-

Тесна битка за градоначалник на Брвеница
-

Славески: НБМ го презеде управувањето со Алта банка АД Битола
-

СДСМ: Мицкоски и Славески ја донесоа банката на Вучиќ во Македонија, бараме одговорност
-

Тема на денот со Дафина Стојаноска, ВМРО-ДПМНЕ
-

Петрушевски: Судиите на Филипче и Ахмети повторно во нивна одбрана, судат по насоки на нивните наредбодавци
-

Денес се избира градоначалник на Брвеница
-

ДИК: До 15ч излезноста во општина Брвеница е 40,49%
-

Втор круг претседателски избори во Бугарија
