Во Албанија продадени 10 тони мандарини со пестициди вратени од Хрватска, денеска уапсени три лица
Мандарините кои хрватските власти ги вратија во периодот од 29 ноември до 11 декември 2024 година, откако анализите покажаа дека содржат пестициди опасни по здравјето на луѓето, не биле уништени, туку продадени на локалниот пазар.
- Околу ова прашање Обвинителството на Берат веќе подолго време водеше истрага, која беше завршена денеска, со приведување на три лица. Од обвинителството соопштуваат дека се уапсени земјоделец од оваа област, администратор на откупен центар кој го купил товарот и инспектор од подрачната ветеринарна управа, објавија медиумите.
Тројцата уапсени се обвинети за сторени кривични дела „Повреда на правила за отровни материи“, „Производство и продажба на храна и други материи опасни по здравјето и животот на луѓето“, „Измама со прехранбени производи“ и „Злоупотреба на службена должност“.
Како што претходно информираа медиуми мандарини, биле вратени и од Чешка, Италија и Литванија.
- Мандарините содржеле остатоци од неколку супстанции опасни по здравјето на луѓето и се забранети за продажба во ЕУ. Поточно, станува збор за високо присуство од хлорпирифос и фосмет пестициди, кои како несакани ефекти имаат влијание врз развојот на мозокот кај децата, нарушувања на нервниот и ендокриниот систем, како и зголемен ризик од срцеви заболувања и рак, додаваат медиумите.
Анализите потврдиле дека остатоците од пестициди во мандарините биле од три до 12 пати повисоки од дозволеното со европските регулативи, променети од септември 2023 година.
Мандарини, маслинки и друго овошје и зеленчук произведени во Албанија на големо завршуваат на пазарите во соседните земји, посебно во пограничните косовски и македонски населени места.
Ново на Сител
-
Лекари без граници: Лекари од Газа даруваат сопствена крв на пациенти откако десетици луѓе беа застрелани и бараа помош
-
Сончево и многу топло, попладне дожд и грмежи
-
Со „Сино знаме“ наградени 64 плажи и две марини во Република Кипар
-
Кампања за заштита на шумите од пожар
-
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО во Брисел ја потврди посветеноста на државата кон колективната безбедност
-
Предложен притвор за осомничен за четири тешки кражби
-
107 санкции за непрописно вградени фолии и користење на т.н. флешери
-
ЕСМ и натаму ќе снабдува по иста цена