Во Албанија продолжуваат протестите, ЕУ бара одговорност

Протестите се во седмиот ден во Тирана, каде што демонстрантите почнаа да се собираат на главниот плоштад, а собири почнаа и во градовите Лежа, Валона, Елбасан и Скадар, каде што средношколци и студенти им се придружија на учесниците, јавија албанските медиуми.
Студенти се собраа во Скадар за да повикаат на бојкот на наставата.
Протест ќе се одржи четврти ден по ред и во Елбасан.
Во Валона, студентски протест е планиран за 11 часот, а полицијата е наводно присутна во близина на ректоратот, каде што се собираат.
Во градот Лежа, група средношколци ја бојкотираат наставата и започнаа протестен марш, како и во Елбасан.
Албанскиот премиер претпладнево имаше прес конференција на која ја обвини опозицијата дека поддржува насилни протести и предупреди на последици за малолетниците и учениците вклучени во немирите за време на масовните протести.
На прес-конференцијата, Рама рече дека е подготвен за дијалог со секого и во секое време, но не и со политичките сили кои поддржуваат насилство.
„Дијалог со секого, освен со политичките сили кои се за насилство. Сите други се добредојдени, јас сум подготвен да одам и да слушам. За мене, функцијата премиер не е работа, тоа е мисија што ми ја доверија 850.000 Албанци до 2029 година“, нагласи Рама.
Тој вети сапоред албански медиуми, по 2.500 евра за секој полицаец кој е во првите редови на одбраната од насилствата од студентите.
Европската комисија ги осуди насилствата на протестите во Албанија.
Во официјалното соопштение, тие наведоа дека сите одговорни мора да бидат гонети и дека одговорот на насилството мора да биде легален и пропорционален.
„Го осудуваме насилството во Тирана и другите албански градови… Насилството нема место во демократско општество, а одговорот на него секогаш мора да биде легален и пропорционален“, се вели во соопштението на Комисијата.
Во Албанија, студентските протести траат веќе неколку дена и им се придружија и други граѓани.
За време на протестите се регистрирани судири со полицијата, насилство и оштетување јавен имот и институции.
Протестите започнаа поради долгогодишни проблеми во образовниот систем, но барањата оттогаш се проширија.
Дел од студентите сега бараат оставка од премиерот Еди Рама.
Тие ги истакнуваат лошите услови за студирање, недоволните инвестиции, високите цени за изнајмување и недостатокот на студентски сместувачки капацитет како главни проблеми.
Студентите најавија дека не се откажуваат од своите барања и дека протестите ќе продолжат.
МИА
Ново на Сител
-

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат – нови цени на горивата од полноќ
-

Во Албанија продолжуваат протестите, ЕУ бара одговорност
-

Пријави за поставени бомби во повеќе белградски училишта и два други града во Србија
-

Спасено мече во Велешко: Се фатило во нелегално поставена сајла, по интервенцијата пуштено во природа
-

МВР во врвот на најтранспарентните министерства: 75,90% исполнетост на индикаторите во Индексот на отвореност 2026
-

Андоновски од Сеул: Пристапот до вештачката интелигенција ќе го дефинира напредокот на поединецот и општеството
-

Возел мотор на едно тркало низ Штип: Полицијата го пронајде 16-годишникот по видео на социјалните мрежи
-

По 23 години пронајден легендарниот автомобил на Пол Вокер од „Брзи и бесни“ – бил скриен во гаража во Њујорк
