Во Австралија, папагал го спаси својот сопственик од пожар
Австралиец тврди дека успеал да го преживее пожарот што избувнал во неговиот дом, само затоа што навреме бил разбуден од неговиот папагал.
Како што јави „Скај њуз“, папагалот Ерик го повикал својот сопственик по име пред да се вклучат детекторите за чад.
Антон Нгујен спиел во својата двокатна куќа во Бризбејн кога таа се запалила. Како што вели, неговото милениче го разбудило кога почувствувало чад во куќата. Потоа, тој го зел папагалот и погледна кон задниот дел од куќата. Кога видел дека е зафатен од пламен, веднаш истрчал надвор.
Кога пристигнале пожарникарите, пожарот веќе ја зафатил целата куќа. Пожарот е изгаснат за еден час, а во акцијата учествувале четири противпожарни екипи. Причините за пожарот сè уште не се познати, а истрагата е во тек.
Антон Нгујен живее сам. Тој не е повреден во немилиот настан.
Ново на Сител
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
-

Дојави за бомби во два трговски центри во Скопје
-

Поленските алергии го зголемија бројот на пациенти во клиниката „Козле“
-

Со прекуграничен проект се обезбедува нова опрема за итната медицинска помош во Југоистокот
