Во Белград се одржува воена парада

Во Белград се одржува воена парада – „Силата на единството“ по повод одбележување на Денот на српското единство, слобода и националното знаме.
Министерството за одбрана соопшти дека на парадата ќе бидат ангажирани околу 10.000 учесници, ќе бидат прикажани околу 2.500 оружја и воена опрема, повеќе од 600 возила, 70 авиони и 20 пловила.
Во ешалонот на воздухопловните единици ќе учествуваат сите видови авиони како што се МиГ-29, „Орел“, Ц-295 КАСА, Ми-35М и Х-145. Меѓу бројното оружје и воена опрема, ќе бидат прикажани противвоздушни ракетни системи „ФК-3“ и HQ-17, модерни радари ГМ400, оклопни борбени возила „Милош“, „МРАП“, „Лазар 3“, „Хамер“ и БОВ ОТ.
Посетителите ќе можат да видат модернизирани тенкови M-84 AS1/2/3, модернизирани пешадиски борбени возила M80 AB1/2, самоодни хаубици NORA од 155 мм, како и модернизирани противвоздушни системи PASARS, беспилотни летала, извидувачки и борбени беспилотни летала.
За првпат ќе бидат прикажани повеќецевниот ракетен фрлач со долг дострел PULS, набавен од Израел, беспилотни летала од таа земја, беспилотни летала и руски системи за антиелектронско војување и блокирање беспилотни летала „Красуха“ и „Репелент“.
На парадата ќе бидат ешалони од единици од сите родови и служби во српската армија, кадети од Воената академија, единици на возила и пловила од Речната флотила.
Најавено е присуството на претседателот на Србија, Александар Вучиќ кој попладнето во Палатата Србија ќе додели одликувања.Се очекува да присуствуваат и командантот на Националната гарда на Охајо, Метју Вудраф, како и високи функционери и претставници на министерствата за одбрана на Кина, Унгарија, Кипар, Франција и Азербејџан.
Вучиќ претходно изјави дека воената парада не се организира поради дневно-политички потреби, туку за да се покаже сила како средство за одвраќање на секој потенцијален агресор, со цел да се зачува мирот.
МИА
Ново на Сител
-

Притворен македонскиот државјанин за убиството на 45-годишната жена на Крит
-

Еден час пауза во Собранието - заврши општиот претрес на измените на Законот за основно образование
-

Градоначалничката на Кисела Вода го пречека победникот на „Ѕвездите на Гранд 2026“ Бојан Илиевски
-

Љутков: Што и да се случи, секогаш стојам зад културата
-

Топол бран до средината на следната недела
-

Ким надгледуваше тестирање на оружје
-

Уапсен кочанчанец - возел без возачка дозвола и при преглед на возилото пронајдена е брендирана роба
-

Се зголемува бројот на жртви од земјотресите во Венецуела
