Во Бордо е разбиена група на сводници управувана од четворица Бугари
Четворица бугарски државјани се обвинети за подведување и трговија со луѓе по нивното апсење во средината на април во неформален камп во Бриж, северно од Бордо, од каде што управувале со мрежа за проституција, јави дописникот на МИА.
Како што беше објавено од обвинителството и од извор близок до истрагата, овие многу мобилни лица, кои лесно ги преминуваат границите, се обвинети дека се на чело на „подведувачка мрежа” чиј размер е најверојатно „поголем” од досега познатите „три жртви”. Во Бугарија тие наоѓале млади жени кои ги убедувале да дојдат во Франција. Девојките се занимавале со проституција под принуда на булеварите на Бордо или паркинг места за возачи на камиони, биле „загрозени, малтретирани” доколку се спротивстават и биле „одржувани во состојба на материјална зависност”, објаснува изворот.
Истрагата, започната во 2019 година и предводена од одделот за борба против организиран криминал, банди и подведување под раководство на Специјализираната меѓурегионална јурисдикција на Бордо, се фокусираше на наводниот водач на мрежата, 36-годишен маж кој е уапсен со сопругата и уште двајца мажи, неговите „поручници”. Според истиот извор, потврдувајќи ги информациите од весникот Суд Уест, овој човек продолжил да ја води мрежата кога бил затворен во Бугарија во 2020 година, давајќи и наредби на сопругата од неговата ќелија.
Од 2019 година, обвинетите во повеќе наврати ги преминувале границите и наизменично престојувале меѓу Франција, Бугарија, Германија и Италија каде што шефот на мрежата е веќе познат по ваков вид инциденти. Тројца од испитаниците се ставени во истражен притвор, а четвртиот под судска контрола, соопшти обвинителството во Бордо, кое не сакаше да „комуницира за обемот на мрежата” и за бројот на жртвите. За време на апсењето на четирите лица биле запленети готовина и „германска лимузина со висока вредност”, според извор близок до истрагата, кој објаснува дека нивната криминална активност им обезбедила „одреден начин на живот” во Бугарија.
Ново на Сител
-

На Попова Шапка изутринава минус еден степен, во Гевгелија 8
-

АХВ лани спровела над 125 илјади контроли, изречени парични казни од 618 илјади евра | ФОТО
-

Мелони запрепастена од изјавите на Трамп за војниците на НАТО во Авганистан, бара „почитување на улогата на сојузниците“
-

Состојба на патишта
-

Крводарителска акција во чест на хуманоста на Тоше Проески
-

СЗО жали за повлекувањето на САД
-

ЕУ и Советот на Европа договорија создавање тим за формирање на Специјален суд за агресијата врз Украина
-

Облачно време со повремен дожд, слаб снег на повисоките планини
