Во Црна Гора и натаму активни повеќе пожари, но без нови жаришта

Состојбата со пожарите во Подгорица денеска е „многу подобра“ и на територијата на главниот град нема нови пожари, соопшти началникот на Локалната единица за заштита и спасување, Војин Војиновиќ.
– Добрата вест е што нема нови пожари, рече тој на прес-конференција, прецизирајќи дека и понатаму се активни пожарите што избувнаа претходните денови во голем број села околу Подгорица.
Во моментов нема евакуирани лица, но неколку објекти се опожарени, информираа надлежните служби.
Во гаснењето на пожарите околу Подгорица е вклучен и хеликоптер од Босна и Херцеговина, кој од огнот спаси прифатилиште за животни и репетитор во Горни Мрки и Петровиќи. Помош даваат и пожарникари од Австрија.
Активни пожари има и во Даниловград, Бјело Поље и Никшиќ.
Според Љубан Тмушиќ од Дирекцијата за цивилна заштита и намалување на ризик од катастрофи, во гаснењето на пожарите во Подгорица се ангажирани 86 луѓе, 31 возило од сите делови на Црна Гора, хеликоптер од БиХ, хеликоптер Ка-32 на МВР на Србија, австриски пожарникари, а во Даниловград пожарите ги гасне унгарски хеликоптер.
Завчера шест летала исфрлија повеќе од 450 тони вода врз пожариштата во Црна Гора.
Комисиите за проценка на штети сè уште не почнале со работа, бидејќи се чека локализација на пожарите. – Нашата проценка е дека оваа сезона ќе трае уште, изјави Тмушиќ, додавајќи дека секојдневно се појавуваат пожари на нови локации и дека достапните авиони и хеликоптери не се доволни.
Полицијата досега осомничи едно малолетно лице за подметнување пожар на имот на неговите родители во Кучи, а синоќа спречи двајца малолетници во обид да запалат оган во подгоричко маало.
Истовремено, полицијата ги демантираше тврдењата на Службата за заштита и спасување на Подгорица дека група од десет лица се обидела да подметне пожар на ридот Горица во центарот на градот. Според полицијата, било утврдено дека групата – во која имало и странски државјани – не знаела дека паркот е затворен за посетители.
Денеска во Црна Гора е Ден на жалост поради загинувањето на помладиот водник на Војската на Црна Гора, Дејан Божовиќ (41), кој настрада при гаснење пожар во Кучи.
МИА
Ново на Сител
-

Претрес во Гостивар – пронајдена дрога, уапсени три лица
-

Лукашенко за заканите од Зеленски: Можеби нешто пушел или си вбризгал па дава такви изјави
-

На ГП „Богородица“ и „Дојран“ се чека околу 40 минути за излез од државава
-

Националното разузнавање на САД објави тајни документи за Ковид-19: Народот заслужува да ја знае вистината
-

Денеска попладне во Скопје ќе се одржи Парада на гордоста
-

Зеленски му се закани на Лукешенко: Имате една недела или ќе преземеме акција
-

САД и Иран ги продолжуваат мировните преговори во Швајцарија
-

Tоварен воз падна од мост во Минхен
