Во декември 78,4 отсто од потрошената струја од домашни извори

Лани во декември во земјава вкупно се потрошени 821 436 мегават часови електрична енергија, 47,058 милиони нормални кубни метри природен гас, 261 591 тони јаглен и 100 606 тони нафтени продукти.
Според податоците од Државниот завод за статистика, 78,4 отсто од вкупно потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 99,6 проценти од потрошениот јаглен се употребени за производство на струја. Во домашно произведената електрична енергија учеството на хидроцентралите е 33,7 отсто, комбинираните централни и индустриски енергани учествуваат со 26 отсто, термопостројките со 24,8, соларните електрани со 9,9, ветерните електрани со 4,9, а биогасните централи со 0,7 отсто.
Во декември 2025 година потрошувачката на природен гас е зголемена за 34,3 отсто во споредба со истиот месец од 2024 година како резултат на зголемената активност на когенеративните постројки, а потрошувачката на нафтени продукти, пак, е зголемена за 9,6 проценти.
Ново на Сител
-

Се работи на долгорочно решение за плажите
-

Акција за поголемо учество на жените во локалното одлучување
-

Рециклирам значи постојам
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
