Македонија
19. March 2024 - 16:41

Во ДИК утре ќе се потврдуваат кандидатурите за шеф на државата

Сите седумиина што собраа 10 илјади граѓански потписи за да се кандидираат за шеф на државата веќе поднеле барање до ДИК да ја потврдат кандидатурата. Освен Стево Пендаровски, Максим Димитриевски, Стевчо Јакимовски и Арбен Таравари кои тоа го сторија вчера, денеска пријава за кандидатурата поднеле и Билјана Ванковска од Левица, Бујар Османи од ДУИ и Гордана Силјановска Давкова, од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од утре пак, ДИК треба да спроведе проверка на кандидатите преку Министерството за внатрешни работи. Од кога ќе ги добие информациите од МВР во рок 24 часа треба да ги потврди граѓабнските потписи и да изготви листа на кандидати. 

Според роковникот најдоцна до 30 март треба да се спроведе и ждрепката за редоследот на кандидатите на гласачкотот ливче. Според пријавените кандидати ливчето на 24 април ќе биде едно од најдолгите за претседателски избори. Седумина кандидати имало само на изборите во 2009 година. 

Во меѓувреме продолужуваат меѓусебните партиски обивнувања по повод претседателските избори

„Граѓаните уште не знаат дали Пендаровски нема видено Француски предлог или тој всушност го пишувал. Пендаровски конфузниот и манипулаторот е политичар кој не мисли за Македонија, туку на својот личен рејтинг. Изјавите ги дава како е опортуно за неговиот личен рејтинг во одреден момент. Едно е јасно, Пендаровски заедно со СДС се извор на сите проблеми кои Македонија ги имаше изминатите години. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме“, изјави Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ,

„Односот на Силјановска кон пензионерите е потврда дека нема никаква промена во ДПМНЕ. На граѓаните не им треба уште една катастрофа по примерот на Скопје. Ниту ДПМНЕ ниту Силјановска не можат да донесат промени на подобро. Тие едноставно сакаат да се вратиме во минатото, да ја закопаме иднината и да ја уништиме надежта за подобро утре! Затоа граѓаните на изборите ќе изберат европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски.“, изјави Лидија Тасевска, СДСМ.

Изборната камапања за првиот круг официјално почнува на 4 април и ќе трае до 22 април на полноќ.