Во Франција патник казнет со 200 евра зашто гласно зборувал на телефон

Француските сообраќајни закони и прописи сега дозволуваат казнување на оние лица што користат уреди и инструменти што го нарушуваат мирот на другите со бучава во областите што се користат за јавен превоз.
Пред неколку дена се прошири веста дека во Франција маж е казнет со 200 евра затоа што зборувал премногу гласно на мобилен телефон. Лицето познато само како Давид разговарало со сестра си со вклучен звучник на железничка станица во Нант, Франција, пред еден вработен во железничката компанија СНЦФ да го запре и да го замоли да го намали звукот.
Во Франција не постои закон што забранува зборување на звучник на јавни места. Сепак, постојат многу јасни прописи за контрола на бучавата, пишува „Пункуфер“ (Рunkufer).
Така, за нарушување на мирот со одреден вид бучава во јавниот превоз, на пр., може да се добие казна од 60 евра на француските железници, дури и ако лицето зборува премногу гласно на мобилен телефон и без звучник.
МИА
Ново на Сител
-

Обвинетите тврдат, немало план за убиството во Штип
-

Со традиционалното капење во водите на Охридското езеро одбележан Денот на рибарите
-

Трипуновски: Младите да ги искористат поволностите и рентабилноста на тутунопроизводството
-

Преглед на вестите од светот
-

Обвинителството бара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов
-

Анел Фидоски е избран за шеф на скопското јавно обвинителство
-

Почнува тестирањето на камерите за „Безбеден град“
-

ДУИ го обезбеди мнозинството за Законот за прекршоци, Сејф сити нема да се одложи
